Болестите како емоции
Болестите како емоции
Постојат два извори на сите болести. Тоа се физичкиот и духовниот. Физички причинители се надворешните фактори како вирусите или бактериите, а духовните причинители се негативните емоционални состојби. Реики и во двата случии се обидува да исцели и да помогне. Ние во Реики центарот Македонија сметаме дека физичкото и духовното се како две страни на едната иста паричка. Но сепак, понекогаш воопшто и нема потреба од лекување, особено ако самите можете да ја спречите болеста уште пред да се развие. Многу болести настануваат најпрво во емотивното поле, како натоложени негативни емоции, трауми, неразлешливи јазли, кои го спречуваат вашиот напредок и вашата среќа. Стресот, затвореноста, недостигот на љубов, згрченоста и сите други негативни состојби со тек на време се манифестираат и во физичкото. Подолу приложивме две детални табели каде од левата страна ги наведовме деловите од телото и болестите што можеби вам ви причинуват проблеми, а од десната ги наведовме емоционалните состојби кои можат да бидат причини за тие негативни последици.