Болестите како емоции

Сподели

Болестите како емоции

Постојат два извори на сите болести. Тоа се физичкиот и духовниот. Физички причинители се надворешните фактори како вирусите или бактериите, а духовните причинители се негативните емоционални состојби. Реики и во двата случии се обидува да исцели и да помогне. Ние во Реики центарот Македонија сметаме дека физичкото и духовното се како две страни на едната иста паричка. Но сепак, понекогаш воопшто и нема потреба од лекување, особено ако самите можете да ја спречите болеста уште пред да се развие. Многу болести настануваат најпрво во емотивното поле, како натоложени негативни емоции, трауми, неразлешливи јазли, кои го спречуваат вашиот напредок и вашата среќа. Стресот, затвореноста, недостигот на љубов, згрченоста и сите други негативни состојби со тек на време се манифестираат и во физичкото. Подолу приложивме две детални табели каде од левата страна ги наведовме деловите од телото и болестите што можеби вам ви причинуват проблеми, а од десната ги наведовме емоционалните состојби кои можат да бидат причини за тие негативни последици.

 

Анорексија и Булемија– Омраза кон себе, одбивање на животната храна, „не сум доволно добар/добра“
Раце – Способноста за прифаќање, поврзување на старите емоции.
Артритис – Критикување на себе и другите, перфекционизам.
Астма – Потисната љубов, чуство на грижа, чуство на пониска вредност.
Желудник Страв, треперење.
Гради – Претеран мајчински инстинкт кон луѓето, местата, доживувањата.
Рак (Карцином) – Длабоко огорчување, недоверба, сожалување на самиот себе, безнадежност, немоќ.
Уши – Тешкотија во прифаќање на она што е кажано.
Грло – Лутина, фрустрирана креативност.
Стапала – Разбирање на себе, напредување.
Прсти Показалец – его, гнев, страв.
Палец – грижа.
Среден прст – лутина.
Четврт прст – заедништво и тага.
Мал прст – семејство, мамење
Дланки – Врзување со материјалното.
Полови органи–  Машки и женски принципи. Одбивање и омраза кон сексуалноста.
Срце – Срцевите проблеми значат одбивање или недостиг на љубов и радост.
Колена – Нееластичност, неспособност за потчинување, гордост и его, тврдоглавост, страв од промени, крутост.
Нозе – Страв од движење напред, застој, стоење во место.
Бели дробови – Неспособност за примање и давање на животната суштина. Негирање на животот.
Дебелина – Потреба за заштита, несигурност.
Синуси – Некој ве иритира.
Кожа – Загрозување на нашата личност, другите ја превземаат моќта над нас.
Грб – Горниот дел е поврзан со потребата за емоционална подршка. 
Средниот дел е поврзан  со чуство на вина. 
Долниот дел е поврзан  со страв заради пари.
Главоболка  – Оспорување на себе.
Мозочен удар –  Негативно размислување, одбивање на радоста. Насилно менување на текот на нештата.
Отоци – Задржување, поднесување, натрупани проблеми, чуство на „фатеност во замка“.
Тумори – Негување на стари трауми и проблеми кои недозволуваат да бидат излечени.
Чиреви – Недостаток на самопочитување.

 

Автор на текстот: Елена Меруџеска – Герасимовска