ОДГОВОРОТ Е ВО НАС

Сподели

ОДГОВОРОТ Е ВО НАС

Едноставно треба да научиме како да го чувствуваме нашето тело и како да соработуваме со него ?

Во Кавадарци се е поголем бројот на заболени од некако вид на малигно заболување (канцер). ?Деновиве има нов случај на заболен млад човек . Направени анализи и дел од испитувањата и се наведува дека се работи за малигно ткиво.
Прашање ? Што понатаму? Какви се процедурите ? Што треба да се превземе? Има ли лек ? Ке се спасам ли ? Каде да одам најпрво?????
И безброј други прашања , а како времето одминува ги има се повеќе и се се пострашни.

Првата информација предизвикува огромен страв и неверување. Зар мене?
Пребарување по интернет, разговор со околината и луѓе кои имале контакт со таков заболен…… литература…..
а како најодговорни да дадат мислење следуваме ние ДОКТОРИТЕ.
Првиот контакт, намрштено лице , загрижено, ммммммм овде нешто не е во ред. Пациентот не гледа во очи и се надева дека ке кажеме , Не се е во ред. Ама? Ние, нашата физиономија на загрижено лице не оддава. Најнапред полека а потоа почнува. 
Ова мора да се испита, сега треба да се направат овие анализи, ова треба да се снима, мораме да се консултираме со овој ДОКТОР , тој е најдобар за оваа работа.Можеби ќе треба да се направи хирруршка интервенција, така ќе е надобро . Ама да се консултираме со уште еден? И тој е добар. Да одиме на операција .Само да испитаме уште нешто . Мораме нели да бидеме сигурни.
ВРЕМЕТО ОДМИНУВА . ЕДНО нешто е за цело време присутно.
Се опериравме . Сега треба да одиме на зрачење, а потоа да примаме хемотерапија неколку недели. Во меѓувреме правиме уште десетици контроли на контролите и контроли на лабораториите
ЕДНО нешто е за цело време присутно. Ке биде подобро , Само уште оваа терапија и си во ред, Секако ќе направиме анализи. И секако Контроли.

ЕДНО нешто е за цело време присутно.
Дома сите внимаваат, како зборуваат што зборуваат , да не не оптеретуваат, пазат на сите ситници.

ЕДНО нешто е за цело време присутно.
Лугето во околината не гледаат со други очи.? Ние се гледаме со други очи, мислите ни се брзи хаотични , не сме сконцентрирани, нешто бараме , проверуваме

ЕДНО нешто е за цело време присутно.
Примаме совети од речиси секого. Ова треба да се проба, Од ова на некој му било подобро, се излекувал ,Има еден лек тој е најдобар можаш да го земеш.
ЕДНО нешто е за цело време присутно.
А да се консултираме со уште еден ДОКТОР?

ЕДНО нешто е за цело време присутно.

СТРАВОТ

Не е потребно и понатаму да се докажува дека луѓето под стрес и во состојба на страв се најмалку отпорни и борбата на нивниот организам и регенерацијата на нивниот организам е намалена и сведена на минимум, речиси ја нема . Ова е начинот и патот на кој ние сме се загубиле и не сме ја искористиле нашата моќ и способност за самоизлекување а која ни е на дофат и не чини ништо, Барајќи помош од рекламирани и патентирани, измислени од надворешен извор хемиски елементи од кои очекуваме да ни ја завршат работата (да не излекуваат) , правејќи им финансиска услуга на нивните творци.

Едноставно треба да научиме како да го чувствуваме нашето тело и како да соработуваме со него ?

Автор на текстот Д-р. Ангел Поп-Ангелов