ПЕТ ПРИЧИНИ ЗА ДА МЕДИТИРАТЕ
1 ЗДРАВО СРЦЕ Испитувањата покажуваат дека систематското медитирање го нормализира срцебиењето, ја зголемува физичката издржливост на болните од срцеви заболувања, ја подобрува циркулацијата на крвта и го нормализира крвниот притисок
2 ГОЛТКА СВЕЖ ВОЗДУХ Секојдневното практикување на медитацијата ја подобруваат работата на белите дробови , помагајќи им поефикасно да го искористуваат вдишаниот кислирод. Испитувањата покажуваат дека се намалува интензитетот на дишењето и потребите од кислород.
3 АВТОМАТСКО НАМАЛУВАЊЕ НА НИВОТО НА СТРЕСОТ Секојдневните медитации го менуваат начинот на живеење,тие ви овозможуваат постигање на подлабоки нивоа на опуштање, релаксација, да се ослободите од непотребните напрегања, од болки во главата и мускулите. Исто така тие помагаат да се намали честотата и интензитетот на напливите на гнев, да се намали концентрацијата на млечна киселина во мускулите и да се намали или исчезне ПМС кај жените.
4 СЕРОТОНИН ЕФЕКТ Да, секојдневните сеанси на медитација го зголемуваат лачењето на „хормонот на среќата“ серотонин. Тоа пред се го подобрува расположението,помага при депресии ја одстранува болката и ја подобрува психофизичката состојба на телото.
5. ГО ПОДОБРУВА ИМУНИОТ СИСТЕМ Исто така медитацијата доведува до стимулирање на имуниот систем, го зголемува бројот и активноста на ‘одбрамбените клетки – чистачи“ во организамот. Пример: се зголемува нивната способност за уништување на бактериите , вирусите и канцерогените клети. Медитацијата го подобрува здравјето кај болести како артрити, алергии како и подобрување на постоперационото заздравување на организамот.
Автор на текстот : Д-р. Ангел Поп-Ангелов