МЕДИТАЦИЈА СО ДУХОВНИОТ ВИОР

Сподели

МЕДИТАЦИЈА СО ДУХОВНИОТ ВИОР

 


 

Човечката аурата е изградена од етерно, астрално и ментално тело

 

Обично повеќето луѓе во своите аури носат негативни енергии во форма на форма-мисла, ментален отпад и локализирана енергија. Дел од нив се резултат на нашите секојдневни мисли, други од „паразити“ залепени на  аурата и мал дел е остаток од медитацијата со триаголници. Медитацијата со духовниот виор има за цел прочистување на  нашата аурата. За таа цел си претставуваме една инка, (виор или торнадо) кој слегува од висините на душата и е составена од високо фреквентната енергија на самата душа. Кој има јасновидски способности може да го види овој виор, кој иако е формиран со помош на мислите, реално постои. Кај оваа медитација истовремено земаат учество и личноста и душата. Отворот на виорот се наоѓа во антакараната и се движи надолу во насока на централниот канал. Виорот се врти во насока на стрелките на часовникот и истовремено ги апсорбира тешките честички на енергетското „ѓубре“. При тоа движење ја оставаме душата да одлучи со каква брзина, боја и големина ќе биде виорот. Кога виорот ќе помине низ целото поле на аурата оди во земјата каде се ослободува од енергетскиот отпад. Ние не ја загадуваме Земјата со нашиот отпад, бидејќи тоа е дел од нејзината работа, да ја чисти и хармонизира енергетската средина. Земјата е многу радосна дека може да послужи на таков начин. При медитацијата се препорачува визуелизација на 3 до 7 виори, или медитација за 3 до 5 минути, што е сосема доволно.

За извршување на медитацијата следиме редоследот:

1.Ја повторуваме три пати мантрата на душата.

Јас сум душата

Јас сум Монадата.

Јас сум Божествената Светлина.

Јас сум Љубов

.Јас сум волја.

Јас сум совршено суштество

2. Го визуелизираме духовниот виор високо над нашата глава со отвор во антакарана и велиме: „Од длабочините на мудроста на мојата душа го повикувам мојот духовен виор“.

3. Мисловно набљудуваме како виорот слегува во нашата аура и истекува во Земјата,

4. Повикуваме толку виори колку што сметаме дека ни се потребни, се додека не почувствуваме прочистени од енергетскиот отпад кој се наоѓа во нашето енергетско поле.

 

Елена Меруџеска – Герасимовска