Медитација на прошката
Се чини дека пред да се пристапи кон реализација на поставените цели, човекот мора да влезе во хармонична интеракција со светот што го опкружува, да го прифати таков каков што е.
Да престане да осудува некои негови, од наша гледна точка, несовршености. Ако тоа недостасува, тогаш човекот ги крши оние барања кои Животот (Бог, Судбината, Повисоките сили) ги покренуваат кон неговото однесување. Во тој случај доаѓа до последици во форма на проблеми, болести, несреќи, итн. Доволно е само да престанеме да ги кршиме овие барања и сите наши проблеми како чудо почнуваат да исчезнуваат. Во оваа книга се раскажува во детали како да се научиме да живееме без претензии и без лоши искуства во нашиот навидум несовршен свет.
Човекот е многу сложена структура и освен физичкото тело поседува и други нематеријални тела, имено: етерно (енергетско), емоционално (астралното), ментално и каузално (кармично) тело. Покрај нив постојат уште неколку фини тела, но засега не можеме дури ни да се замислиме како да работиме со нив самостојно.
Секое наше прифаќање на светот или пак незадоволство од него се манифестира во емоциите. Затоа вреди да започнеме со оние начини, кои може да се користат за прочистување на нашето фино емоционално тело од негативните. Токму во ова тело се чуваат сите наши навреди, осуди, моменти на љубомора или гнев, како и за сите други радосни (и не дури толку радосни) емоции. Ако емоциите биле позитивни, тогаш и споменот за нив го прави нашиот живот повеќе пријатен, поради што ние – природно-нема да се бориме со нив.
Друга работа се негативните емоции. Скоро секој човек почувствувал слични искуства уште од детството. Можно е тие да владеат со вас и денес. Нашиот ум гради модели на идеалниот свет, а реалниот сепак се покажува различен. Забележувајќи го тоа несовпаѓање, може едноставно да дозволиме светот да биде таков каков што е, и да не му посветуваме внимание. Може да се потрудиме да го промениме да биде по наша воља (ако успееме). А може и ништо да не правиме, туку едноставно да потонеме во бројни негативни искуства – зошто ли, ах, зошто, се е така погрешно и зло.
Емоциите се чуваат во вид на мисла-форми
Секое наше искуство е придружено од одреден сет мисли. Како резултат на тоа секоја силна емоција формира соодветна мисла-форма (задебелување на енергија и информации), која во вид на кафеава или валкано-сива дамка (ако има негативни искуства) се чуваат во нашето емотивно тело. Кажано поинаку – сите искуства се запишуваат во клеточната меморија на нашето тело. Колку се поголеми навредата или осудување, толку е поголема и погуста е соодветната мисла-форма.
Кон четириесетте години можете да носите со себе бројни големи негативни мисла-форми, од кои секоја е поврзана со одредени луѓе – татко, мајка, деца, сопруг (или жена). И сите други со кои сте се соочиле во животот и во однос на кои кај вас се јавуваат негативни искуства.
Со времето острината на емоциите се намалува, навредите и осуда како да поминуваат. Во секој случај, така барем ни се чини – доколку овие настани и сродните искуства исчезнале од нашата меморијата . За жал во реалноста работите не стојат така. Негативното искуство од детството може да отпадне од нашата меморијата, но не и од нашето емоционало тело. За да го извадиме од таму, се потребни специјални процедури.
Како да го ичистиме целосно емоционалното тело
Ви препорачуваме да го исчистите целосно телото на емоциите, односно да се пречистите од сите негативни мисла-форми, кои се јавуваат некогаш (или секој момент би можело да се случи) во односите ви со луѓето. Бидејќи во животот, вие се соочувате со многу луѓе, емоционалното тело треба да се чисти во однос на сите нив.
Ако веќе сте веќе во години, а не се карактеризирате со особена деликатност, можно е да носите со себе стотици негативни мисла-форми – според бројот на луѓето со кои некогаш сте имале негативни искуства. И претставете си, како изгледа вашето емоционално тело? Тоа ќе биде како едно компактно, валкано-сива топка од негативни искуства. За да го исчити, ќе треба доста да се испотите. И екстрасенсите можат да помогнат, но само донекаде. Ќе избришат една-две мисла-форми, а другите ќе ви го трујат животот.
Сетете се на сите познати
Препорачуваме да составите листа на сите луѓе со кои на еден или друг начин сте се соочиле уште од градинка, училиште,факултет, на работа, во семејството итн. Во листата вклучете толку луѓе, на колку што можете да се сетите. Секако, на прво место на листата треба да се оние луѓе од кои сте доживеале најголеми остри негативни емоции. А по нив и сите други. Ќе ви биде потребно да го пречистите емоционалното тело во однос на секој човек одделно. Тоа не е лесна работа и ќе ви потрае месец-два повеќе посебен труд.
Не постои брзо чистење
Ако се обидете да простите на сите ваши непријатели нарднаш, дури и ако се исполните со добрина и љубов кон нив, најверојатно нема да се ослободите од духовно „воспитните“ процедури. Обичните милосрдие и добротворни цели се соодветни, но тоа не е најбрзиот пат. За да почне поактивно да се ослободувате од вашите гревови, потребно е да се спроведат посебни вежби.
Една од овие вежби се нарекува „медитација на прошката“.
Вежба „медитација на прошката“
Изберете си човек, во однос на кого ќе избришете мисла-форма на вашата навреда (или пак друга негативна емоција). Пример нека биде татко ви. Почнете мисловно да си ја повторувате постојано фразата „Со љубов и благодарност му простувам на татка ми и го прифаќам таков каков Бог го создал. Се молам за прошка од својот татко за мислите и емоциите кон него.“
Оваа фраза мора да ја повторувате додека во градите не ви се појави чувство на топлина, кое доаѓа директно од срцето. Слично чувство ќе ви покаже дека целосно сте избришале мисла-формата на навредата кон него. Кај некои луѓе топлото чувство се појавува само по пет минути, па затоа на нив не им е потребно да се ориентираат по тој показател. Кај други тоа не доаѓа никогаш, и тоа исто така не е страшно. Главен предуслов за успешна работа е вкупното време за медитација.
Вкупното време за медитација врз еден единствен човек, со кого сепак сте имале многу напнати односи во текот на многу години, може да трае од три до пет часа, кои да се составени од повремени,епизодични медитации во секое слободно (од оптоварување на главата) време. Ако конфликтите биле помалку, медитацијата може да трае 30 -50 минути.
По очистувањето на мисла-форма од навреда кон таткото започнете мисловно да си повторувате следната фраза: „Со љубов и благодарност мојот татко ми простува“. На овој начин ќе ги избришете во вашето емоционално тело оние негативни мисла-форма кои татко ви ви ги оставил за време на вашите конфликти (вие веројатно исто така понекогаш сте му предизвикале огорченост и тој почувствувал иритација, гнев или навреда од вас).
Оваа фраза мора да се повторува се додека во градите ви повторно не се појави топло чувство. И ако ги затворите очите, ќе го видите лицето на својот татко. Ако оваа постапка за бришење на неговата мисла-форма е успешно завршена, тој може да се обрати со лицето кон вас (на миенталниот екран), да ви се насмевне и дури да ве поздрави со рака. Ова покажува дека вашето емоционално тело е пречистено од прикачените навреди и други негативни емоции.
Медитирјте со сите ваши познати луѓе
Ја разгледавме медитацијата на прошката само во однос на таткото. Како што претпставувате, тоа е само првиот чекор кон прочистување на вашето емоционално тело. Понатаму е потребно истата оваа медитација да се одржи во однос на мајката, браќата или сестрите, сопруга или сопруг (колку и да сте ги имале). Медитирајте со сите роднини, со кои на некој начин се среќавате во вашиот живот (со секого одделно), медитирајте и со колегите од работа, и со сите познатите со кои се среќавате. Со вашите сакани, со кои сте се разделиле. На самата (самиот) себе. Фразата за медитација е речиси иста „Со љубов и благодарност си простувам на самата себе и се прифаќам таква каква што сум. Молим за прошка за своите мисли и емоции спрема самиот (самата) мене. Со љубов и благодарност си простувам.“
Извадоци од книгата на Александар Свијаш „Што да правиме, кога работите не одат така како што сакаме“ на ИК „Фари“, 2006
Елена Меруџеска – Герасимовска