ИСТОРИЈА НА РЕИКИ
Се претпоставува дека Реики е древна лечителска способност со непознато потекло. Модерниот систем Реики е познат од 1923 година, кога Микао Узуи (јапонски учител) почнал да бара одговор на прашањето „Како Исус Христос ги лекувал болните само со допир на раката?“ Еден ден, во разговор со група ученици од семинаријата на кои им претстоело дипломирање , му било поставено прашањето . Студентите сакале да знаат зошто во денешни времиња, немало такви исцелители како Христос, со оглед на тоа дека во библијата пишувало дека тој им рекол на апостолите си „лекувајте ги болните и оживувајте ги мртвите“. Тие сакале потврда „во живо“, а не само теоретски, дека овој вид на лекување е можно.
Микао Узуи не можел да се покаже во пракса, како тоа лекување дејствувало, но имал цврста вера дека е можно. Бидејќи се почувствувал неспособен да одговори на прашањата на студентите, а според јапонската традиција тоа било предизвик за неговата чест, тој си поднесол оставка на функцијата Ректор и ја напуштил семинаријата. Тој ден донел цврсто решение да најде одговор на оваа мистерија. По долги истражувања на различни библиотеки, тој дошол до заклучок дека мора да бара одговор на друго место.
Патувал постојано, во текот на 7 години и посетил различни земји, меѓу кои Индија, Кина, Тибет. Го научил санскритот за да може да ги чита во оригинал древните индиски списи. По враќањето во Јапонија во еден древен будистички манастир открил древни ракописи со чудни знаци, кои имале врска со лечителските способности на Христос, но се уште не знаел како да ја активира и користи енергијата.
Одлучил да се осами на врвот Кориама и да медитира во текот на 21 дена во целосен пост. На 21-тиот ден една заслепувачки светлина го осветлила преку неговата 7-ма чакра. Тој паднал во транс и видел знаци кои играле пред него во огнен танц и добил иницијација од енергијата. Разбрал како треба да користат симболите и како да иницира (синтонизира) следбеници и ученици со оваа енергија. Така тој го преоткрил древниот метод на лекување, познат како Реики.
Враќајќи се во Кјото, Микао Узуи работел еден подолг период на улиците на градот, лекувајќи питачи и бедздомници. Со тек на време разбрал дека некои од излекуваните многу често се враќаат за повторен третман. Тоа го натерало да се замисли и да стигне до следниов заклучок:
Пациентот треба да е одговорен за сопственото здравје, а не да ja остави оваа одговорност на лечителот кој може да му даде енергија за да му помогне, но не и да го излечи.Секој третман што е добиен бесплатно не се цени доволно од пациентот. Тој сватил дека кога пациентите плаќаат за третманот, тие го ценат многу повеќе отколку кога го добиваат бесплатно.Разбрал, исто така, дека е многу важно луѓето да имаат одговорност за сопственото лекување и дека тоа се постигнува кога ке добиеме инициација.
Автор на текстот: Елена Меруџеска – Герасимовска