ЕНЕРГЕТСКАТА МЕДИЦИНА ЛЕЖИ ВО СЕКОЈ ОД НАС
Науката го прифаќа човековото енергетско поле како факт, иако фармацевтската медицина повеќе би сакала да се држи до економски повеќе одржлив модел, кој тие го експлоатираат во моментот. Имаме истражен ум и дух, и сме го научиле од древни системи на верување . Но, можеби сè уште е малку збунувачки за вас. Можеби некои повеќе би сакале да се обидеме да ставиме повеќе од западната интонација на јазикот на енергетската медицина. Но ве молам, прочитајте го овој текст со малку поголема концентрација. Ќе видите дека сè е многу лесно сфатливо и вие дури сте го знаеле тоа можеби од порано, но модерниот живот ве натерал да го игнорирате и да го заборавите, да го потиснете во потсвеста и никогаш повеќе да не го користите.
Сè што е живо пулсира со енергијата и сета оваа енергија содржи информации. Нашето физичко тело е опкружено со енергетско поле, што е и центар за информации и високо чувствителен перцептивен систем, преку кој сме во постојана комуникација со сето она што нè опкружува. Пораките патуваат напред и назад меѓу поединецот и другите луѓе, како и сите живи организми, вклучувајќи ги и растенијата, инсектите и „бактериите“. Но, ние исто така, цело време подеднакво комуницираме со камењата, почвата, воздухот, планетите и ѕвездите. Ние комуницираме со сè што е живо и со сè што нè опкружува.
Човековото енергетското поле е одраз на секој поединец, на неговата енергија што е создадена од страна на сите негови лични искуства, почнувајќи дури од пред зачнувањето. Тоа е силата што го обликува и истовремено влијае на физичкото ткиво, односно телото.
Искуства кои носат емоционална енергија, ги вклучуваат и минатото и сегашноста кои содржат лични, професионални и поинакви односи, длабоки или трауматски искуства и спомени, верувања, обрасци и ставови, вклучувајќи ги и сите духовни и суеверни верувања. Емоциите од овие искуства ќе станат кодирани во биолошките системи и тоа ќе придонесе за формирање на ќелиското ткиво, кое потоа го генерира квалитетот на енергијата што ги одразува овие емоции. Позитивни и негативни искуства се регистрирани во меморијата на ќелиското ткиво, како и во областите на енергијата која ја зрачи телото. Невробиологот, др. Кендис Перт, докажа дека невропептидите кои се материјални, односно се хемикалии, се создаваат зависно од нашите емоции, и тоа се, всушност, емоции конвертирани во материја. Значи, нашите емоции живеат физички во нашите тела и комуницираат со нашите клетки и ткива. Всушност, др. Перт вели дека повеќе не може да се оддели умот од телото, бидејќи ист вид на клетки, кои произведуваат и добиваат емоционална хемија во мозокот, се присутни во целото тело. Понекогаш телото реагира емотивно и произведува емоционални хемикалии, дури и пред мозокот да го регистрирал проблемот.
Со цел да се започне разбирање и истражување на човековиот енергетски систем, мора да се потпреме на длабоките одговори, односно на одговорите на самото тело. За да го направиме тоа, би требало да се придржуваме на следниве три принципа:
Нашата биографија станува наша биологија
Сите ние сме живи, историски книги. Нашите тела го содржат она што ние сме го доживеале во нашите животи. Како нашите животи се расплетуваат, нашето здравје станува жива изјава за нашите надежи, стравови, предности и слабости.
Сите наши мисли прво се појавуваат како енергија. Мислите кои носат емотивна, ментална, психичка или духовна енергија, произведуваат биолошки реакции кои потоа се чуваат во нашата мобилна меморија. На овој начин нема информации изгубени засекогаш, и сето тоа е запишано во состојба на рамнотежа во клетките, органите и целото физичко тело.
Многу често, кога ќе започнете да чувствувате дека нешто не е во ред со вашето здравје, медицинските тестови не покажуваат ништо. Тие покажуваат дека сè е во ред, иако ние „знаеме“ дека не е. Често пациентите се испратени дома, а чувството на болест не исчезнува. Тогаш, сè повеќе и повеќе тестови ќе почнат да стануваат абнормални, покажувајќи физичка регистрација на енергетски дисбаланс.
Но, постои и друга, обратна состојба, кога тестовите покажуваат дека се работи за болест, а пациентот се чувствува добро.
Тогаш, што е навистина точно? Енергетската медицина посочува дека тест кој ќе ви даде вистински одговор е таканаречениот „стомачен тест“. Тоа значи тест кој покажува како се чувствувате.
Моментот кој укажува на тоа, дека биографијата станува биологија, имплицира на фактот дека ние самите учествуваме во создавањето на болеста. Ова е точно, но ве молам, немојте да кревате паника! Луѓето ретко избираат свесно да создадат болест. Болеста се развива како последица на „обрасци и ставови“ за кои не разбираме свесно дека се биолошки токсични, сè додека тоа не стане видливо. Луѓето многу тешко разбираат дека нивните негативни ставови се, всушност, биолошки негативни супстанции. За да се појави болеста, треба негативните емоции да бидат доминантни. Тоа што го забрзува процесот на разболување е свесното дозволување на негативните мисли, и покрај тоа што се знае дека тие не се добри. На пример, може да сте премногу лути на некого и наместо да ја разгледате ситуацијата поинаку, „со простување“, односно наместо да си пронајдете причина за да престанете да се лутите, вие и понатаму продолжувате да се лутите и се убедувате себеси дека сте навистина во право да сте лути, затоа што тој човек направил да се чувствувате толку многу повредени. Останување во состојба на „опсесивна лутина“ ги зголемува ризиците од појава на болест. Всушност, живеење во минатото, воопшто, прави да се емитува енергија од минатото, чија моќ ве води подалеку од вашето моментално тело. Ова би можело да доведе до недостаток на енергија, заради што се јавува болест.
Моќта е од суштинско значење за лечење и за одржување на здравјето на луѓето. Состојби кои произведуваат чувство на немоќ, не само што водат до ниска самодоверба, туку исто така го осиромашуваат физичкото тело, ја намалуваат енергијата и го ослабнуваат целокупното здравје.
Улогата на личната моќ
За да успее терапијата, пациентот мора да има внатрешен концепт на моќ, способност да се генерира внатрешната енергија. Моќта е во коренот на човечкото искуство. Нашите ставови и верувања, без разлика дали се позитивни или негативни, сите се начини на дефинирање, користење или некористење на моќта.
Моќта е како посредник помеѓу нашите внатрешни и надворешни светови. Тој систем комуницира со јазикот на симболите. На пример, најчестиот симбол на моќ се парите. Кога едно лице ги доживува парите како симбол на моќта, купувањето и контролата на парите, станува симбол на здравјето на лицето. Кога тој стекнува пари, неговиот биолошки систем добива сигнали дека неговото тело добива моќ. Оваа генерира здравје, кое многу лесно се губи, заради тоа што е поврзано со надворешниот материјален свет и резултира со болест. Сиромаштијата остава многу луѓе немоќни, но тоа се одразува само кај луѓето кои се сиромашни не само со пари, туку и со дух, и тоа води до лошо здравје.
За жал, животите на многу голем број луѓе се структурирани околу симболите на моќ: парите, власта, титулата, убавината, безбедноста. Тоа води до можност да се манипулира со нивното здравје. Немањето пари го намалува чувството на безбедност, тоа води до чувство на страв и загрозеност на животот и навистина се развива болест. Тоа е еден од главните принципи на владеење во светот и владеењето со цели нации. Луѓето кои се постојано во нашите животи, околу кои се врти нашето секојдневие и изборот од луѓе што го правиме, е израз и симбол на нашата лична енергија. Ние често се согласуваме да работиме некои нешта, затоа што веруваме дека немаме моќ да одбиеме.
Треба да станеме свесни за она што ни дава сила. Исцелувањето од која било болест е идентификување на нашата моќ. Како да се стане свесен за таквата моќ и како да се слушне пораката на сопствената моќ, е од суштинско значење за здравјето на луѓето.
Самиот јас
„Јас сум одговорен за создавањето на моето здравје. Затоа учествувам, до извесен степен, во создавањето на оваа болест. Можам да учествувам во лекување на оваа болест и исцелување на самиот себе, што значи, истовремено лекот е моето емоционално, психолошко, физичко и духовно битие“.
Оздравување и лекување не е иста работа и треба да се направи разлика меѓу тие два поими. Лекувањето на физичката болест не мора да значи дека емоционалната и психолошка (енергична) причина за болеста е отстранета, што значи дека болеста, во некоја друга форма, повторно ќе се врати. Процесот на лекување со лекови е целосно пасивен и надворешен (тоа се случува околу вас); оздравувањето, од друга страна, е многу активен и внатрешен процес. Тоа ја подразбира внатрешната ревизија на вашите сопствени ставови и верувања, со желба да се ослободите од сите негативни тенденции. Ова води до заклучок дека лицето може да се излечи, наместо да продолжи да страда, и можеби дури и да умре.
Конвенционалните лекови имаат многу пасивен однос кон пациентот. Третманите не бараат свесно учество на дел од пациентот. Кога болниот е пасивен, тој многу тешко се лекува и не може да оздрави целосно. Може да има заздравување, но нема оздравување. Оздравувањето е можно само кај оној пациент кој ја користи својата сопствена моќ во процесот на лекувањето. Класичната медицина, за жал, во голем процент го занемарува овој момент. Затоа, целосното оздравување, мора да знаете, зависи исклучиво само од вас самите. Без разлика дали тоа ви се допаѓа или не, во процесот на оздравување ќе мора да вклучите еден клучен лек – себеси. И само себеси!
Автор на текстот: Елена Меруџеска – Герасимовска