Недоказаното днес не значи, че то не съществува.

Subscribe to me on YouTube

Вторник, 12 Юни 2012 14:50

Што е Реики ?

Написана от 

ШТО Е РЕИКИ ?

 

 

Реики е јапонска техника за канализирање на Универзалната животна енергија. Тоа е природен метод за лечење на основно (физичко) ниво, кој ја користи животната енергија на Универзумот, имајќи за посредник лечител, кој е врската помеѓу Небото и Земјата (дуален принцип на Светот).

Зборот Реики е составен од 2 зборови:

 

- REI (Реј) - Универзална Енергија

 

- KI (Ки) - животната енергија

 

 

Реики исто така се дефиницира и како "Природен Систем за лечење Узуи" во чест на оној кој ја прaоткрил - Јапонецот Микао Узуи пред повеќе од еден век.

 

Реики не е религија. Секој може да биде посветен (синтонизиран) со оваа енергија и станува нејзин  канал преку коронарната или срцевата чакра си. Минувајќи низ него, енергијата се шири како неповратна божествена љубов и се пренесува преку раце на луѓе, животни и растенија, а со тоа им помага да се исцелат. Самиот процес на лечење е резултат на балансирањето, чистење и усогласувањето на нивните тела, со природните принципи.   Реики е одлична терапевтска метода за лекување намалување на стресот, смирување на физичка болка и за сите видови на физички и психички болести.

 

Бидејќи нашите физички тела се составени од енергија и знаејќи дека таму каде што има енергија има промени, канализирајќи енергија низ нашето тело за нас, или за некој друг ние помагаме да дојде до промени кои доведуваат до лекување.

 

Енергијата е неутрална, до моментот кога ние ги аплицираме  кон неа нашите мисли. Ако нашите мисли се радосни, позитивни и хармонични, нашите тела ќе рефлектираат позитивна енергија. Во случај мислите да ни се тажни, незадоволни и негативни во секој поглед, ние можеме да очекуваме појава на болести. Ние сме она што мислиме. Секој создава својата реалност со сопствените мисли.

 

Реики е многу ефикасен систем на лекување. Енергијата  Реики е целосно безбедна и им помага на сите - од бебиња до луѓе во длабока старост. Ако работиме со енергија  Реики, никогаш нема да ја испразнеме нашата животната енергија.

 

Енергијата  Реики поминува низ се и сите за да предизвика лекување и излекување.

 

Реики брзо ја смирува физичката болка.

 

Практиката Реики е составен дел од алтернативните тераписки практики признати од МЗО (Меѓународната здравствена организација).

 

Системот Реики не може да се научи преку самообука, читајќи книги и прирачници или гледање на видео и филмови. За да бидеме практичари Реикисти е потребно да добиеме лични инициација (посветеност, синтонизиране) од хабилитиран Реики Мастер. Оние кои практикуваат без да добиле иницијација, не користат енергијата Реики, туку лична животна енергија, што неизбежно води до проблеми во нивното здравје.

 

Симболичната боја на Реики е зелена. Ова е боја на здравјето, на исцелување и на љубовта, поради тоа што бојата на 4-тата чакра - срцето задолжена за љубовта и имунолошкиот систем е зелена. Хиероглифите на Реики се прикажани во златножолта боја, бидејќи тоа е бојата на Креаторот, на Божествената енергија. Реики е светлината која не враќа до Големата Светлина.

 

 

СТЕПЕНИ ВО РЕИКИ И ОБУКА




ПРВ СТЕПЕН – со иницијација за прв степен лицето станува постојано отворен канал на вселенската енергија Реики и можност да се аплицира енергијата на себе, на друг човек, како и на животни и растенија. Обуката се одвива на 2-3 дневен семинар / курс / каде се изучува потребното: разјаснување што е Реики, за што може да се користи и како; историјата на Реики; позициите на рацете врз себе, врз друг човек / 12-15 основни положби, кои ги опфаќаат сите важни области од телото /, на животни и растенија и др.; принципите на Реики; практика и прашања и др. Реики мастерот прави 4-те Подесувања распределени според деновите. Ова е класичен начин на обука. Друг начин исто така ефикасен е Реики обука за далечина, каде што лицето кое се обучува и Реики Мастерот не мора да се во иста просторија, дури ни во иста земја. Обуката се одвива малку поразлично е се исто ефикасна како и класичниот метод.Ова е препорачливо за лица кои не се во состојба да патуваат до местото каде се одвива обуката, немаат време...Реики ги анулира време и просторот, за енергијата нема огранучувања.

ВТОР СТЕПЕН – се зголемува силата на енергијата постојано и се добива можноста за далечинска работа и работа со Реики симболите. Обуката е најчесто на 1-2 дневни семинари. Основното и тука е НАСТРОИКАТА / инициацијата, посветеност / и учење на Реики симболи и се што ви треба за нив. Реики симболите за II-ра степен, I симбол - за засилување протокот на Реики; II симбол- за ментални работа и III симбол- за надминување на просторот и времето - минато, сегашност и иднина.

ТРЕТ СТЕПЕН - Мастерски( Мајсторски )  степен – значително се зголемува енергетскиот потенцијал и им овозможува на лицата што ја поседуваат ја да вршат обука.

 

 

Реики ја зголемува и подобрува телепатијата.


Телепатија (на грчки: τηλε, значи "далечна далечина"; и на грчки: πάθεια "чувство") е парапсихолoшки феномен, според кој може да се пренесуваат мисли и чувства помеѓу луѓе на далечни растојанија без користење на традиционалните средства на техниката и технологијата. Со обични зборови телепатија може да се опише како способност за читање на мисли. Според модерна дефиниција, дадена од парапсихологија Светослав Иванов: телепатија е психолошки процес на екстрасензорното енергоинформационно перцепција и влијание, во кој едно живо суштество предава и / или прима од / на друго информации за својот психолошки и биолошки живот - емоции, чувства, претстави, мисли, метаболизам, здравствена состојба и др.

Терминот влегува во употреба во 1882 година од Фредерик Мајерс, основач на Друштвото за психички истражувања. Се смета за форма на екстрасензорна перцепција.Телепатија често е поврзана со други паранормални феномени како предчувствията, телеестезијата (јасновидството) и психокинезата.

 

Реики сеансата


Реики сеансата изгледа сосема едноставно.


На почетокот на сеансата е можна дијагностика од практичари, со која се дефинира состојбата на различни области од телото.

Некои делови од самата сеанса би можеле да бидат различни, во согласност со правецот Реики што се практикува и на која метода и припаѓа практичарот. Самото лекување сепак кај сите практики се состои од поставување на дланките на телото на клиентот.

Понекогаш дланки се поставуваат на точно одредени точки и се задржуваат точно одредено време, понекогаш местата и времето зависат од интуиција на практичарот Реики.

Сеансата продолжува од 40 до 60 минути. Ако сеансата вклучува позиции на предниот и задниот дел на телото времето може да се зголеми до 1,5 часа, тоа зависи од тоа кое ниво Реики има завршено практикантот.

Се препорачува Реики да се прима во лежечка положба со затворени очи, молчешкум, како оваа состојба не е задолжителна.

Следат различни чувства,перцепции за време на сеансата - топлина, ладење и затоплување во одредени места, состојба на сонливост. Можно е сепак да нема никви чувства.

За време на сеанса е можно промена на емоционалната состојба.

Препорачливо е сеансата да биде проследено со лесна, смирувачка музика.

За време на Реики сеансите се препорачува конзумирање поголемо количество течности - 1,5 - 2 литри на ден.

 

КОРИСTA ОД РЕИКИ


Реики одговара на вистинските потреби на современиот човек, бидејќи овозможува во секојдневниот живот да се постигне успех, духовно и физичко здравје.

Реики ја возобновува врската на човекот со природата, со Бога и со светот, и ја изградува духовната култура.

Реики ги активира нормалните енергетски текови во телото на човекот.

Реики ги елиминира физичките и емоционални тензии и стресот, кои се акумулираат уште од детството, придонесува за решавање на внатрешните конфликти. 

Реики ги активира внатрешните процеси на обнова и подмладување на организмот, и ни овозможува да живееме без болести.

Реики го чисти организмот, придонесува за неговото ослободување од токсини, а исто така ги активира сите животни процеси, го зголемува тонусот, ја враќа бодростта, силата и издржливоста.

Реики помага на секој да разбере своето вистинско значење и да се реализира.

Животот со Реики е движење кон Љубов, здравје, среќа и благосостојба, движење на патот на еволуцијата на човештвото.

 

Автор на текстот: Елена Меруџеска - Герасимовска

Konstantin Jovic

Е-мейл Е-мейл адресът e защитен от спам ботове.
Банер

Магазин

Банер
Банер
Банер

Дарение

Фаза на Луната