Недоказаното днес не значи, че то не съществува.

Subscribe to me on YouTube

Сряда, 27 Юни 2012 09:34

ЗДРАВЈЕ - НА ПОИНАКОВ НАЧИН ?

Написана от 

ЗДРАВЈЕ   -   НА ПОИНАКОВ НАЧИН?

 

Представување:

Јас сум Ангел Поп-Ангелов Доктор  по семејна медицина и

терапевт-лечител по алтернативна – холистичка медицина, од староегипетскиот систем за лечење на телото и душата   ИЗИС СЕИКИМ / СЕКХЕМ.

  1. Употреба  и злоупотреба  на медицинта за оздравување
  2. Какво е нашето размислување за сопствениот живот
  3. Постои ли друга алтернатива за потполно здравје

 

1

-долгогодишното мое искуство стекнато при работењето со многубројните пациенти ми овозможува да  донесам .. соодветни сознанија и закључоци за здравјето и односот на луѓето кон нивното здравје

 

-секојдневната употреба на лековите и се поголемата нивна злоупотреба (употреба на лекови по 20 години , иако според упатствата и препораките на СЗО и Медицина базирана на докази, за користење на истите лекови иам точно определени индикации и период на користење......

 

по секоја цена консумирање на лекови и ако за тоа нема терапевтски индикации...не е препорачано да се користат......АНТИБИОТИЦИТЕ

за секоја обична настинка, за покачена температура без други видливи симптоми,  за обична кивавица или мала болка во грлото, за кашлање од секаков вид ......

 

Нема да бидам целосен ако не кажам неколку зборови за имунитетот кој толку многу се злоупотребува од сите:

постоја два видови на имунитет вроден и стекнат..........вродениот го наследуваме од родителите ,мајката, и тој не штити од тоа што ке го добиеме како готово

....а стекнатиот мораме сами да го стекнеме. Како ???..........

 

За добар имунитет е потребо витамини, минерали, протеини ...... ама без контакт на организмот со бактерии, вируси и други причинители и тоа во одреден времнски период кој е потребен за да самиот организам го препознае натрапникот, да го меморира и на крајот да создаде „војска“. Со давањето на антибиотиците ние свесно го прекратуваме тој временски период и организмот нема доволно време сето тоа да го направи па ние ОСТАНУВАМЕ БЕЗ створен (стекнат) имун одговор на тој тип на натрапник и наредниот пат кога ке дојдеме во контакт со истиот, се случува пак болест

 

Втора погрешна примена на антибиотиците. Со нив ги уништуваме и нашите сапрофитни соеви на бакртерии кои нормално живеат со нас а не не разболувааат, кои исто така бранејќи си ја сопствената средина во која живеат  ги напаѓаат натрапниците . Без нив портата за влез на други патогени е отворена и без одбрана. Па секој нареден контакт од истите доведува до повторно заболување

 

Тука е и создавањето на резистентни соеви на бактерии кои исто така ја усложнуваат состојбата бидејќи науката не може да создаде, временски, толку брзо нов антибиотик колку што може бактеријата да створи резистенција кон антибиотикот.

 

веќе одомаќеното  мислење дека за се е потребно АНТИБИОТИК или било каков друг, само да е некој лек, таблетка , инјекција, систем,......и

понекогаш потребата да се добие било што на ваков начин а болката и болеста да ги снема веднаш

 

Некритично земање на своја рака на терапија без да се консултирате со својот матичен доктор?

 

-стварањето на зависност кон одредени групи на лекови

 

-секојдневно одење на доктор препишување на лекови

 

-секојдневно одење на контроли

 

-секојдневно одење на разни испитувања, лабораториски анализи, снимања на секој дел од телото,... потребата од секојдневни испитувања само за да си докажиме дека сме здрави?????

 

Често пациентите доаѓаат  со одредена намера и со веќе подготвен од дома став за тоа што треба да добијат од својот доктор.  Времето и мотивите кои ги има докторот .Ограниченото време, административните процедури , немотивираноста на докторот, неговата преокупираност за заработка или опстанок , неговата несигурност предизвикува и кај пациентот исто така несигурност и збунетост.

 

 

А сето тоа предизвикува СТРАВ

 

НАШЕТО чувство на страв кое ние свесно или несвесно го го имаме:

 

-страв дека ке ги изгубиме пријателите

-страв дека ќе изгубиме некој близок

-страв дека ќе го изгубиме нашето богатство

-страв дека ќе ја изгубиме работата

-страв дека не сме доволно добри во тоа што го работиме

-страв дека не сме ги задоволиле потребите и побарувањата на     луѓето кои не опкружуваат

-страв од стареење

-страв дека ќе го изгубиме нашиот живот???????

 

ДАЛИ МОЖЕМЕ ДА ГО ИЗГУБИМЕ ЖИВОТОТ????

 

................животот сме самите ние, ние сме животот па не е јасно како можеме да изгубиме нешто кое сме ние самите (некои свесно некои несвесно)

(ако тоа од што се плашиме навистина се случи , сепак и вие и јас утре пак ќе бидеме тука и стравот нема никакво значење, ако пак некого утре го нема неговиот страв  сосема нема никакво значење)

 

Значи зошто страв?

 

Стравот е состојба која што го заробува човекот и тогаш тој е лесно подложлив на манипулации

 

Во таква сосотојба емоциите и мислите на луѓето стануваат негативни

 

-чувствуваат страв, незадоволство, гнев, завист, недостиг од љубов и неспособност да се даде љубов.....

мислите им се насочени кон неубави, негативни работи ,.. ја губат самодовербата,се затвараат во себе, не се среќни, се вознемирени......

 

Многу лесен и најбрз начин наводно да се подобри таквата состојба е ПОСЕГАЊЕТО кон употреба на лекови?

 

ЛЕКОВИ - ХЕМИЈА да......

 

Заборавајќи дека ние сме создадени за да бидеме здрави, огромен број од луѓето сакаат да зборуваат и на сите да кажуваат за својата болест, несвесно мислите ги насочуваат на болеста, заболениот орган или место на телото. Ова е најдобриот начин, заедно со примањето на терапијата која ја ординира докторот, ние (пациентите) да ја негуваме нашата болест, да ја храниме, а со тоа и долго долго да ја одржуваме. Нашата неограничена посветеност на болеста ни го насочува сконцентрирано нашето внимание во тој правец а со тоа ние забораваме на убавината на животот, на среќата , радоста , љубовта кон ближните и средината ,НИЕ ЗАБОРАВАМЕ НА ЖИВОТОТ“  за кој така грчевито се бориме да „НЕ ГО ИЗГУБИМЕ“

.......да предпоставиме дека не постои минато, дека за иднината не знаеме во кој правец ќе не одведе (ние забораваме да го живееме сегашниот момент.......

 

..........жалејќи за минатото и пропуштеното , стравувајќи , исчекувајќи и надевајќи се на подобра иднина ние сме заборавиле и несвесно го живееме сегашниот момент

 

..........секојдневните се поголем број на обврски и задачи кои ние сами ,или некој друг ни ги наметнува, трчејќи по нешта кои мораме да ги имаме по секоја цена , зошто нели комшијата или пријателот ги има,

се оддалечуваме еден од друг, не го живееме сегашниот момент и не уживаме во нештата кои можеби на крајот и ќе ги добиеме, а сме ја изгубиле стварноста.....

 

......сме заборавиле дека снагата  е во нас и единствено самите ние можеме да се излекуваме

......сметам дека (исто така од мојата пракса ) не постои Доктор кој има излечено пациент. Со целиот ризик дека нема да бидам правилно сватен од колегите и со целиот респект и почит кон традиционалната медицина која со денешната наука има достигната огромни пространства на знаење и успех ..... сепак ние докторите и сите луѓе кои се занимаваат со лекување САМО ПОМАГАМЕ на  организмот тој самиот да се излекува,. (пример: антибиотиците при заболувања од бактерии, хируршките зафати кај разни заболувања, ...... само му помагаме на организмот да се излечи самиот. Нашата неограничена моќ на самоизлекување го прави останатото. Сите сме сведоци на  многу голем број на болни од болести и сосостојби за кои  традиционалната медицина не успеала да најде лек, а тие сепак на некој начин едноставно се промениле на подобро или се излекувале,  и тоа го сметаме за чудо....уште една потврда за тезата дека ние сами  можеме  да се излекуваме.....

 

Според квантната физика (јас не сум физичар) се околу нас е енергија, се е енергија и ние сме енергија (само набиена и во ваква форма во која сега се наоѓаме) ......

 

 

 

Светот во секој момент на мојата (вашата) реалност  се дели во правец и насока која јас(вие ) ја одбирате..... ако и само еден момент не сме свесни за својата одлука таа ке не одведе во тој правец од животот......кој понатаму го живееме.

 

Добрата страна на оваа теорија ( Анштанј) која се повеке се докажува е во следното: а тоа е дека секогаш во дадениот момент ние можеме да ја промениме нашата одлука и да тргнеме во друг правец..... зошто е битно ова?

.....ако до сега сме оделе по патот на болеста: сме мислеле на неа, сме ја хранеле со лекови  , сме оделе по терапии, сме ја контролирале со разни методи секогаш и секаде, сме разговарале за неа..... сега ние можеме да донесеме одлука да одиме по патот на здравјето...

 

....тоа е тука во нас само треба МАЛКУ и ние сме на правиот пат.

 

Јас не ја отфрлам и не ја негирам традиционалната медицина. Напротив! Нејзиниот напредок и заслугите за здравјето на луѓето е огромно.Без неа во ова современо доба на живеење  сега за сега е незамисливо. Но свртување на погледот и вниманието , секако постепено, кон природното и кон природатаа на нештата, поглед во нас, поглед кон себе и способноста што ни е дадена од создателот, ожноста за будење на нашата духовност и поврзување со целото и коритење како непресушен извор на енергија која ке не штити и оздравува .

 

 

 

ХОЛИСТИЧКА МЕДИЦИНА? Лекување на целото?

 

Лекувањето на духот, душата и телото е целосното лекување

Никогаш нема да бидеме потполно здрави ако сме паднати со духот. Ако сме незадоволни , ако имаме мрачни мисли и живееме со завист кон другите , ако им мислиме лошо на другите, ако правиме лоши работи...

... Нашата енергија , емоции и мисли ако се така насочени ние и не можеме да очекуваме  да ни се случи нешто убаво....

 

Убавата емоција , убавата мисла, љубовта . Секој убав збор изговорен од нашата уста  секој убав и доборонамерен збор упатен кон другите ги ослободува енергиите и ја потикнува самоизлечителната способност на нашиот организам

правилната исхрана , редовниот живот, умерениот начин на живеење, секојдневната умерена физичка активност.

Живеење во склад со себе , живеење во склад со другите и живеење во склад со природата.

Јас ја имав можноста да се запознаам и со традиционалната медицина и со алтернативната медицина (од повеке аспекти)

да ја направам разликата помеѓу двата начини на лекување, да ги применам истите и да ги видам резултатите од нивната примена. Искрено има место за двата видови на лекување. Можност да се надополнуваат еден со друг и кога едниот не може да помогне да се вклучи другиот. Ефектите секако ќе бидат многу поголеми . Човекот треба да се лекуван ЦЕЛ – физички ,емоционално, ментално и духовно. Само така може да биде  здрав , среќен и жив.

 

 

Уште една реченица за животот.........

 

ЖИВОТОТ Е ПРОЦЕС КОЈ ШТО ГО ИНФОРМИРА ЖИВОТОТ ЗА ЖИВОТОТ ПРЕКУ САМИОТ ПРОЦЕС НА ЖИВОТОТ

 

 

 

Konstantin Jovic

Е-мейл Е-мейл адресът e защитен от спам ботове.
Банер

Магазин

Банер
Банер
Банер

Дарение

Фаза на Луната