Недоказаното днес не значи, че то не съществува.

Subscribe to me on YouTube

Academia Madara Холистичка медицина Алтернативна Медицина Поврзаноста помеѓу емоциите и внатрешните органи
Вторник, 12 Юни 2012 10:54

Поврзаноста помеѓу емоциите и внатрешните органи

Написана от 

Поврзаноста помеѓу емоциите и внатрешните органи, според традиционалната кинеска медицина

 

Традиционалната кинеска медицина познава неколку главни емоции како: вознемиреност, тага, страв, вознемиреност, радост. Секоја од овие емоции, доколку трае подолг временски период, или едноставно се „всади“ во главата, ги повредува внатрешните органи и врши опструкција на текот на чито на специфичен начин.


Вознемиреноста и тагата ги оштетуваат белите дробови. За време на вознемиреноста, дишењето и чито се опструирани, и нивното движење е нерамномерно. Многу добро е познато дека вознемиреноста и тагата во подолг временски период можат да предизвикаат одредена форма на астма и други бронхијални нарушувања. Работата на белите дробови исто така е опструирана од страна на емоционалната состојба, како што е тагата, што најдобро може да се види доколку лицето плаче. Тагата ја опструира правилната работа на белите дробови, со што лесното и целосно движење на градниот кош и дијафрагмата е оневозможено. Според кинеската медицина, белите дробови го издвојуваат чито од воздухот и на тој начин помагаат во регулирањето на обезбедување на внатрешната животна енергија. Кога белите дробови се ослабени од емоционалната состојба, како што е тагата, генералната здравствена состојба на лицето е доведена во прашање. Како и да е, ова не значи дека ние треба да ја потиснуваме тагата. Не е здраво да се потиснува тагата (да се држи во себе), доколку така налага настанот кој ја предизвикал. Долготрајната и потисната тага ја ослабува работата на белите дробови и може да предизвика сериозни здравствени проблеми.
Во традиционалната кинеска медицина зборот „ shen “, што на некој начин може да се преведе како „бубрези“, ги вклучува и бубрезите и надбубрежните жлезди, како и репродуктивните органи. „ Shen “ најмногу страда од емоционалната состојба на страв. Стравот предизвикува болка и болести на бубрезите, надбубрежните жлезди, болки во долниот дел од грбот, како и неправилна работа на уринарниот тракт. Доколку личноста се наоѓа под страв, чито се спушта по сакрумот кон центарот, надвор од површината на телото. Телото се собира како одговор за заштита од таквата состојба. Циркулацијата на крвта и дишењето се намалуваат, што резултира со стагнација во периферните делови на телото. Вообичаените знаци на оваа состојба се ладни раце и нозе. Изрека за оваа состојба е „смрзнат од страв “.
Стравот и стресот предизвикуваат лачење на поголемо количество на адреналин и хидрокортизон, што му сигнализира на организмот да ги троши мастите и протеините за енергија. Ова му овозможува на организмот дополнителна енергија за справување со дадената ситуација „бори се или бегај“ во краток временски период. Доколку е пролонгиран стравот во подолг временски период, настанува нагло трошење на складираната енергија, и по некое време личноста која е под вакво емоционално нарушување, чувствува исцрпеност и недостаток на енергија. Телесните резерви на хормони не се неисцрпни. За нивно надополнување потребно е време и одмор, како и нашата способност да се справиме со стресот и стравот. Ослободувањето на големо количество на адреналин во организмот, става повеќе телесни функции на „стенд бај“. Така, растењето, опоравувањето и репродукцијата на ќелиите е отежнато поради инхибирањето на одредени есенцијални материи во телото. Доколку стресот е константен, телото може да „заборави“ како да се врати во здравата состојба, на тој начин губејќи ја способноста да се брани од болести.
Во чи-кунг теоријата, бубрезите и надбубрежните жлезди исто така ја контролираат работата на мозокот, особено меморијата. Научните истражувања потврдија дека стравот и стресот придонесуваат за слабеење на меморијата и создаваат тешкотии во учењето. Стрес-хормонот, хидрокортизонот, го оштетува хипокампусот, регионот на мозокот одговорен за меморијата и учењето, којшто е богат со рецептори на хидрокортизон хормон. Врската помеѓу адреналинот и меморијата, исто така, во многу наврати е докажана во експериментите вршени врз животните. Како заклучок од резултатите добиени по пат на експерименталното истражување, може да се заклучи дека човекот треба да ги избегнува овие стресни ситуации со справување со истите преку брзо враќање во нормална состојба или пак со менување на реагирањето кон одредена стресна ситуација.

Бесот го слабее црниот дроб и доведува до порастот на чито. Всушност, вообичаениот кинески збор за бесот е „ sheng qi “ или „растење на чито“. Растењето на чито доведува до мускулна тензија и многу дисфункции на организмот, како главоболка, печење на очите, појава на хемороиди и менструални проблеми. Слабеењето на чито на црниот дроб, исто така доведува до честа промена на однесувањето и расположението кај одредена личност.



Во чи-кунг теоријата се верува дека срцето сака мир и тишина. Нему му е потребно чувство на сигурност со цел правилно и здраво пумпање на енергијата низ целото тело. Доколку чито на срцето биде нарушено од преголемо возбудување од секаков вид, свеста и умот биваат зафатени, со што се создаваат можности за појава на несоница, збунетост и премногу размислување, и во екстремни случаи, појава на халуцинации, хистерија и психози.



Слезината најчесто страда од преголема преокупираност со размислување за „нешто“. Луѓето што најчесто страдаат од нарушување на работата на слезината, предизвикано од оваа емоционална состојба, чувствуваат проблеми со гастритис, покачен крвен притисок, ослабен имунитет и чувство на постојан студ. Чувството на сожалување, доколку истото е со подолг временски период, може исто така да предизвика сериозни нарушувања во работата на слезината. Слезината се „напојува“ со чито од земјата. Затоа чи-кунг мајсторите велат дека на слезината ’и треба приземјување, т.е. време поминато во природа. Постои еден многу едноставен делотворен лек за слезината во чи-кунг практиката. Се вели: „Излези во природа, смири го мозокот, и отвори ги сетилата за комуникација со природата“. Овој лек изгледа премногу едноставен, меѓутоа, со сигурност може да се каже дека е делотворен.



За крај, постои една изрека од страна на зен мајсторот Ален Вотц, која вели: „Ние веруваме дека немаме доволно размислувано за потешкотиите во животот. Најверојатно проблемот е во тоа што премногу размислуваме“.

 

Автор на текстот: Елена Меруџеска - Герасимовска

Konstantin Jovic

Е-мейл Е-мейл адресът e защитен от спам ботове.
Банер

Магазин

Банер
Банер
Банер

Дарение

Фаза на Луната